Врз основа на член 19 став 2 од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.99/19 и 220/19), министерот за правда донесе

ПРАВИЛНИК ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ, КЛАСИФИКАЦИЈА  И РАЗМЕСТУВАЊЕ НА  ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА ВО КАЗНЕНО – ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ

Член 1

Со овој правилник се пропишува распоредувањето, класификацијата и разместувањето на осудените лица во казнено – поправните установи.

Член 2

Под „класификација“, во смисла на овој правилник, се подразбира поделба на осудените лица во соодветни одделенија во рамки на казнено-поправната установа (во натамошниот текст: установата) од одреден вид заради примена на мерки од ист или сличен вид. 

Под „распоредување“, во смисла на овој правилник, се подразбира групирање на осудените лица во соодветни групи во рамките на одделенијата во установата од одреден вид. 

Под „разместување“, во смисла на овој правилник, се подразбира промена на одредената група, одделение или установа заради успешно реализирање на целите на третманот.

Регулатива

Последни објави во регулатива