Член 1

Во Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/19), во членот 29 став (2) алинејата 4 се менува и гласи: „- донесува правилници, решенија, наредби, упатства, планови, програми и други видови на акти од областа на извршувањето на санкциите,“.

Член 2

Во член 37 ставот (1) се менува и гласи: „(1) Во установите може да се основаат посебни одделенија за осудени лица странски државјани и за лица без државјанство.“. Ставот (3) се менува и гласи: „(3) Во установите може да се основаат одделенија за осудени лица со висок и многу висок безбедносен ризик.“.

Регулатива

Последни објави во регулатива