Водич за заштита на личните податоци во КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес

1. Цел на Водичот

Правото на  приватност и заштита на личните податоци на вработените  и  на лицата кои издржуваат казна затвор преставува приоритет во нашата установа.

Ние посветуваме големо внимание за заштита на личните податоци во сите процеси, имплементирајки ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита  на личните податоци во Република Северна Македонија.

Овој Водич е практична алатка која дава објаснување за значењето на термините кои се користат во прoписите за заштита на личните податоци. Исто така Водичот ги разработува начелата за заштита на личните податоци кои задолжително се земаат во предвид при секоја обработка на личните податоци на корисниците и вработените во установата,им обезбедува посеопфатно запознавање со нивните права и ги дефенира клучните обврски на установата како контролор на збирка на лични податоци што произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци и други прописи од оваа област. .

Водичот е достапен за сите вработени и е јавно објавен.

Регулатива

Последни објави во регулатива