Врз основа на  член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49  од Законот за администартивни службеници  („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, и 11/18),(Службен Весник на Република Северна Македонија бр.. 275/19,14/20, 215/21 и 99/22) чл.2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас  , начинот на поднесување на пријавата за унапредување,   начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто , како и начинот на нивно бодување   и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен Весник на Република Македонија бр. 11/2015 и бр.35/.2018 година) и добиено известување за обезбедени финансиски средства од Министерство за  Финансии заведено под број  19-5820/2 од     23.07.2025год .  согласно член  30 став 5  од Законот за административни службеници , КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес објавува добјавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 2/2025

    За пополнување на следното   работно место со унапредување на административен службеник :

1. Советник за реализација на редовни програми  со шифра УПР0101В01000 во Сектор за Ресоцијализација Одделение за третман -1 (еден ) извршител,

Посебни   услови за работното место :

Стручни квалификации – За нивото В1 нивото на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен    VII/1 – Општествени науки

  • работно искуство , за нивото В1 најмалку  3( три) години работно искуство

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија (англиски, француски и германски  )
  • активно познавање на компјутерски програми за канцалариско работење
  • спосбност за тимска работа

Платата на работното место –  паричен  нето износ  на збирот од делот од плата за степен на образование  и делот на плата за ниво –  36.383,00 денари 

Работно време е од 07,30/08,30 до 15,30/16,30 часот.

Работни денови- Од понеделник до петок

Неделно работно време – 40 (четириесет )часа

На интерниот оглас можат да се јават администартивни службеници вработени во КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес , кои ги исполнуваат  општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани согласно Законот за административни службеници и Правилникот за систематизацијa на работни места  бр. 01-1755/3 од 29.11.2019год. , и Измените на  Правилникот за систематизација на работни места бр.01-330/2 од 09.02.2021год.,01-1593/2 од 27.07.2021год. 01-2355/2 ос 24.12.2021год., 01-802/2 од 26.05.2023год, 01-1116/1 од 09.08.2023год.,01-1448/2 од 20.10.2023год., 01-1912/3 од 17.12.2024год.01-620/2 од11.04.2025г0д., 01-647/2 од 14.04.2025год.01-1043/4 од 13.06.2025год.  ИЗмена на Правилникот за внатрешна организација заведен под бр. 01-1912/2 од 17.12.2024год. и тоа :

  • да е државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен.
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • да е оценет со оценка А или  Б при последното оценување
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамките на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас.
  • да поминал најмалку две години на исто ниво .
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавта преку архивата на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес до Одделението за Човечки ресурси.

Пријавата е прикачена заедно со интерниот оглас на web страната на која е објавен огласот и во  хартиена форма во архива на установата.  

Рокот на доставување на пријавите изнесува 5  (пет) дена  од денот на објавување на интерниот оглас на web страната на установата и web страната на Агенција за администрација.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови можат да  ги приложат и следните докази:

потврда за успешно реализирани обуки и /или

потврди за успешно реализирано менторство -како ментор или менториран административен службеник  .  

Исто така кандидатите во Пријавата за унапредување се должни да потврдат под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни , а доставените докази верни на оргиналот.

Ненавремена, нецелосна и неуредна пополнета пријава нама да биде предмет на разгледување.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од Раководното лице во Установата.

Кандиидатот кој внел лазни податоци во установата се дисквалификува од натамошна постапка

-Огласот ќе биде објавен на ВЕБ страната на Установата  , на ВЕБ страната на Агенцијата  и на огласна табла .

.

                                                                                                                          ДИРЕКТОР

                                                                                                            М-р    Зоран Јовановскки  

Односи со јавност

Последни објави во ресурси