Врз основа на  член 67 став  1 и став 2  вв со чл. 70 од ЗИС- (Сл. Весник на РС.Македонија бр. 99/2019 и 220/2019) член 20-г став 1 oд Законот за вработени во јавен сектор ( Службен Весник на Р..Македонија бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 , 198/18 ) и Службен весник на Р.С.Македонија бр. 143/19 , член 22 од став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работно односи  , и  Правилникот за систематизација на работни места во КПУ-КПД Идризово со отворено одделени Велес донесен од страна на Директорот на Управа за извршување на санкции бр.01–1755/3 од 29.11.2019год.со сите измени и дополнувања на Правилникот за систематизација на работни места во КПУ-КПД Идризово со Отворено Одделение Велес  со дадена писмена согласност за обезбедени финансиски срества за вработување на неопределено време од Министерство за финансии бр. 19-5820/2 од 23.07.2025   година ,  Казнено -поправана установа  Казнено-поправен дом Идризово со Отворено одделение Велес  објавува 

JAВЕН ОГЛАС БР. 1 / 2025

За вработување на 66 (шеесет и шест лица ) на неопределено време припадници на затворска полиција -службени лица со посебни овластувања ,  овластено службено лице во казнено-поправните и воспитно-поправните установи и тоа за следните работни места

1. Помлад затворски полицаец -Помошно-стручен припадник на затворска полиција , Категорија Г, ниво-Г4 , со звање  Помлад затворски полицаец , Шифра ЗАТ0204Г04001-66  (шеесет и шест  ) извршители .

2.Општи Услови:

  • да е државјанин  на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

3. Пoсебни услови:

  • ниво на стручни квалификации VAили ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и 180 или 240 кредити   стекнати според ЕЦВЕТ или МКСОО,или најмалку вишо/гимназиско образование или средно образование
  • со или без  работно искуство во струката
  • да е психофизички спосособен за вршење на работа во затворска полиција
  • кога за прв пат заснова работен однос на работното место помлад затворски полицаец  лицето не смее да биде постаро од 30 години.

Распоред на работно време

работа во смени , каде секоја смена има 12 часа

работни часови-40 часа

Паричен износ на нето  плата-  39,374 ,00денари

Потребни документи:

  1. Образец за пријавување на јавен оглас за вработување (Може да се подигне од Архива на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес или на WEB страната на установата
  2. доказ  -уверение за државјанство,
  3. доказ диплома, свидетелства  од  I,II, III,и   IV  година завршено средно образование и свидетелство за завршено средно   образование,
  4. Извод од матична книга на родени,
  5. доказ за општа здравствена способност за работното месо не постаро од  6 месеци издадено од овластена здравствена установа од медицина на трудот,
  6. доказ  дека не му е изречена казна со правосилна судска пресуда забрана за вршење на професија , дејност или должност  не постаро од 6 месеци,
  7. доказ за работно искуство за работното место каде е потребно

Превиденото вработување е согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2025 година .

2. Помлад Соработник во затворска полиција  -Стручен припадник на затворска полиција , Категорија В, ниво-В-3 , со звање  Помлад Соработник  , Шифра ЗАТ0204В03002-( шест  ) извршители .

Општи Услови:

  • да е државјанин  на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

Пoсебни услови:

  • ниво на стручни квалификации VIБ или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и  стекнати најмалку 180  кредити   стекнати според ЕКТС  или завршен VII /1 степен-општествени науки  
  • со или без  работно искуство во струката
  • да е психофизички спосособен за вршење на работа во затворска полиција

Распоред на работно време

работа во смени , каде секоја смена има 12 часа

работни часови-40 часа

Паричен износ на нето  плата-  43.487,00денари

Потребни документи:

  1. Образец за пријавување на јавен оглас за вработување (Може да се подигне од Архива на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес или на WEB страната на установата )
  2. доказ  -уверение за државјанство,
  3. доказ диплома,  уверение  издадено од факултет за за завршено  високо образование ,
  4. Извод од матична книга на родени,
  5. доказ за општа здравствена способност за работното месо не постаро од  6 месеци издадено од овластена здравствена установа од медицина на трудот  ,
  6. доказ дека не му е изречена казна со правосилна судска пресуда забрана за вршење на професија , дејност или должност  не постаро од 6 месеци  ,
  7. доказ за работно искуство за работното место каде е потребно

Превиденото вработување е согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2025 година .

По објавениот оглас кандидатите пополнуваат пријава -образец за пријавување на јавниот оглас за вработување во затворска полиција до установата во писмена форма преку архива на установата или по пошта во затворен плик до КПД-КПУ Идризово с. Идризово ул. 1 бр.4 А 1000, Скопје, со назнака  за оглас за вработување  бр.1/2025 година со наведен податок за работното место за кое се аплицира.

 Заради докажување на исполнување на општите и посебните услови за работното место кандидатите за вработување кон пријавата приложуваат докази во оргинал или заверени на нотар за исполнување на условите за работните места  издадени од надлежни институции.

НАПОМЕНА – Доколку кандитатот внел лажни податоци во Пријавата ќе се дисквалификува од натамошна постапка и ќе биде запишан во Регистарот на лица кои дале лажни податоци на јавни огласи за вработување во јавен сектор кои го води Министерството за информатичко општество и администрација.

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ-  15 (петнаесет  ) дена од денот на објавување на огласот за вработување.

Пријавените кандидати ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза на постапката за селекција на припадниците на затворска полиција (Фаза1- административна селекција, Фаза 2 -интервју и Фаза 3-  Проверка н апсихофизички способности )

  • Постапката за  селекција за вработување ја спроведува Комисија за селекција за вработување на припадник на затворска полиција и најдоцна 8 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите за јавен оглас
  • Интервјуто на кандидатите за вработување кои ја поминале фазата на административна селекција се спроведува од страна на Комисијата за селекција на припадник на затворска полиција најдоцна 8 дена од завршување на фазата на административна селекција.
  • Проверка на здравствени и психофизички способности на кандидатот .

НАПОМЕНА-заради проверка на здравствените и психолошките способности кандидатите  се упатуваат  на специјалистики прегледи. 

По започнување на постапката за вработување Директорот на установата заради безбедносна проверка на кандидатите  документацијата ја доставува до до  Министерство за Внатрешни работи и Агенција за национална безбедност на Република Северна Македонија.

НАПОМЕНА -по конечноста на одлуката за избор  ,  кандидатите склучуваат договор за пробна работа  и се упатуваат на основна обука за припадници на затворска полиција во времетраење од 4 месеци. По завршување на пробната работа кандидатот полага писмен испит, и оној кој нема успешно да ја заврши пробната работа со решение му  престанува работниот однос. За време на пробната работа на припадникот на затворска полиција му се исплатува плата во висина од 80% од платата за работното место за кое е избран.

Пријавените кандидати кои не се избрани ќе бидат писмено известени во законскиот рок.

Огласот ќе биде објавен во дневните весници  Нова Македонија  , Слободен печат и Коха.

ДИРЕКТОР
М-р Зоран Јовановски 

Односи со јавност

Последни објави во ресурси